И како што можете да се уверите, а допрва ќе се уверувате уште повеќе, направивме радикален чекор пред се во правец на поголемо доближување до вас, а особено до успешните фирми-компании (колку се, толку се, за нас токму се) за конечно да почнат да не есапат и нас-тотално независните, а не само "нивните" (да не есапат со некое рекламче-банерче, а нема воопшто да бидеме против и некое спонзорство). Претпоставувам дека ви е позната изреката: "Гладниот на ситиот не му верува", па според тоа за да им веруваме на нивната успешност, деловност, ефикасност, перспектива, чесно владение и дејание...
Туку, што ми беше муабетот?...
А, да, за радикалниот чекор во однос на нашиов е-магазин.
Прво го сменивме насловот. Откако го актуелизиравме кликерството и кај нас (во странство овде-онде можеше и пред нас да се сретне актуелизирано), и тоа во насловот на магазинов, како по обичај, се јавија и други кои си го "позајмија" без пардон (како и многу други нешта од нас), па дури и печатен медиум мошне инвентивно си крстија исто како нашиов. А прибидејќи во идеите отсекогаш сме биле и сме "дебели" (ако во се друго сме "тенки" во однос на нив), сакам да речам нови идеи никогаш не ни фалеле, решивме да не се расправаме со "позајмувачите" и да си го "докрстиме" нашиов магазин.
Бидете сигурни дека никаде во светот нема магазин или што било друго со наслов "Кликер маг". Се разбира, не можеме да гарантираме дека по нас пак нема да се најде некој "позајмувач", ама во овој момент нема. Треба објаснение? За "кликер" знам дека не треба-тоа е секој оној што клика кога ќе му текне, а за "маг"- тоа ви е исто ако сте маг во која било област или, на пример, во вашиот бизнис: волшебник, гледач (обично во иднината). А во овој наш миг на севкупна деградација.. треба да се биде ептен маг. Тоа ќе рече дека сите вие, заедно со нас, во ова наше подразвиено (во првобитна-примитивна фаза) информатичко општество, сте магови ако сте, прво, вклучени во мрежата на Интернет (се мисли најнапред на "евтинијата", а после на се друго), а второ, ако не можете без секојдневно кликерисување.
Е, ова последново: за да можете, меѓу другото, секој ден да кликерисувате и на нашиов е-магазин, решивме напоредно да поставиме и секојдевно развиваме (ажурираме) и веб страница односно веб-магазин, како "проширен дел" од e-mail-сково издание.. Има исти и слични? А кој вели дека ќе го направиме исто или слично?
Туку, да не заборавам...
А, да, муабетов ми беше за блоговите и блогерите. Ај, другпат подетално ќе ги третирам, а сега само ќе ви препорачам еден од многубројните мошне интересни блогови: homopoliticus.blog.com.mk. Може да ве поттикне конечно и политички да се ангажирате, за и натаму да не останете аполитични.
НЕКА НИ Е ГОСПОД НА ПОМОШ СО ОНИЕ КОИ СЕ ПЛАШАТ ОД КЛИКЕРИТЕ, А ОСОБЕНО ОД КЛИКЕР-МАГОВИТЕ, ПА СО СИТЕ СИЛИ СЕ ТРУДАТ ДА НЕ ИМ СЕ ПИКНЕ НЕКОЈ ВО НИВНИТЕ РЕДОВИ.
Секогаш ваш и само ваш слободоумен рамковен „клик“-ер.