 |
|
 |
 |

Ретровизија 16-30/11/2005 : ТОП ВЕСТИ - ТОП АКЦЕНТИ

16.11.
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска во Париз ја одбележа 60-годишнината со порака за мир во светот и почитување на разноликоста. На официјалната церемонија генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Маѕура изрази жалење што "се уште не е постигната главната цел на организацијата - мирот да завладее во срцата и умовите на луѓето".
Годишнината на УНЕСКО ќе биде одбележана и со дводневен семинар на кој ќе учествуваат 60-мина историчари, антрополози и филозофи од целиот свет.
УНЕСКО е создадена на 16-ти ноември 1945-та година, непосредно по крајот на Втората светска војна.
17.11.
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во дводневна официјална посета на Тирана. Денеска, на вториот ден, тој им се обрати на албанските пратеници, при што изрази задоволство од високото ниво на пријателските односи и соработката на Македонија и Албанија што е пример во регионот. Земјите во регионот треба да се фокусираат на економската соработка, економскиот напредок и привлекувањето на инвестициите со што ќе се подобрат условите за живот на граѓаните. Црвенковски ги поздрави напорите на албансаката држава во насока на унапредување на правата на припадниците на македонското национално малцинство, нагласувајќи дека очекува проширување на образованието на мајчин јазик и нивната поголема вклученост во јавниот живот, како и поголем пристап кон средствата за јавно информирање.
18.11.
Исклучително добрите политички односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија немаат соодветна рефлексија врз економската соработка. Иако Словенија е значаен трговски партнер на Македонија потребно е интензивирање на економските односи не само во квалитет туку и во квантитет, порача премиерот Владо Бучковски на Слонечко-макеоднскиот бизнис форум во Љубљана. Словенечкиот министер за стопанство Андреј Визјак истакна дека со неодамна отворениот Деловен клуб на словенечки и македонски бизнисмени и со добивањето статус на земја кандидат за членство во Унијата очекува економската соработка меѓу двете земји да се интензивира.
19.11.
Лидерите на 21 држава-членка на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) се договорија денеска да ги здружат сите сили во броба против птичјиот грип и да пронајдат излез во закочените разговори за либерализација на светската трговија. На крајот од дводневниот Самит во Бусан, Јужна Кореја, тие изразија загриженост поради влијанието на високите цени на нафтата на стопанствата на земјите членки и се договорија за активностите што ќе ги преземат за да ја олеснат набавката на нафтата.
Македонска делегација, предводена од министерот за здравство Владимир Димов, во Атина учествуваше на Регионална министерска конференција за преземање на координирана акција против заканите од птичји грип на Балканот и земјите од црноморскиот регион.
20.11.
Претседателот на СОНК Дојчин Цветановски вечерва по преговорите во Владата изјави дека не е постигнат конечен договор за утврдување на најниската плата во образованието, науката културата, но сепак оцени дека разговорите биле конструктивни и оти се надева дека тие конечно ќе завршат идната недела.
Преговорите меѓу СОНК и Владата почнаа во јуни годинава, но беа прекинати во септември откако владиниот Кабинет го обвини Цветановски дека се вклучува во политички игри.
21.11.
Не се плашиме од тешка работа и свесни сме дека пред нас претстојат тешки реформи, нагласи шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева на билатералните средби во Брисел со нејзините колеги од Полска, Стефан Мелер, од Холандија, Бернард Бот и од Шведска, Лајла Фривалд. Приоритет на Македонија ќе бидат реформите во правосудството, полицијата и јавната администрација, воведување на едношалтерскиот систем и организација на добри избори. Во рамките на посетата Митрева имаше и обраќање пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и притоа ги истакна приоритетите на Македонија во спроведувањето на препораките содржани во одговорот на европрашалникот, очекувањата земјата да го добие статусот кандидат за членство во Унијата на следното заседание на Европскиот совет во декември и за регионалната соработка, а побара и олеснување на визниот режим за македонските граѓани.
22.11.
Пратениците во Бундестагот денеска ја избраа Ангела Меркел за канцелар на Германија. Меркел (51) е првата жена канцелар во историјата на Германија. Таа ќе управува со втората "црно-црвена" Влада во повоена Германија која ќе има 15 министерски места. Владата составена од двете најголеми германски партии Демохристијанската партија (ЦДУ) и партнер Социјалдемократската партија (СПД) под палката на Меркел, ја чека сериозно "затегнување на ременот" поради намалување на буџетската потрошувачка, со зголемување на данокот на додадена вредност од 16% на 19%, додека на надворешен план, според оценките на аналитичарите, најголем пресврт се очекува во односите со САД и Русија.
23.11.
Продолжувато на енергетската криза во Албанија ќе доведе до намалување на производството и на економскиот раст на земјата, се наведува во завршниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Се предвидува дека бруто домашниот производ (БДП) во 2006-та година ќе падне на 5%, а во 2007 година ќе биде 5,5%. Додека намалувањето на производството ќе предизвика загуби во економијата во висина од над 125 милиони американски долари.
Албанските медиуми наведуваат дека состојбата во Албанија се влошила и поради падот на температурите што предизвикале зголемена потрошувачка на електричната енергија за 30%.
24.11.
Македонското Собрание денеска, во рамки на 114-та седница, ја почна расправата за Предлог-амандманите на Уставот на Република Македонија, чија цел е реформа и зголемување на ефикасноста на правосудството. 12-те Предлог-амандмани ги изготви Министерството за правда, а Владата ги прифати на седницата одржана на 4-ти овој месец. Во текстот се вградени мислења и сугестии од практичари, теоретичари, меѓународни организации, домашни и странски експерти и поединци презентирани во јавната расправа за Нацрт-амандманите.
За да бидат усвоени, уставните амандмани треба да бидат поддржани од најмалку две третини од пратениците. Ако бидат усвоени тие стануваат составен дел на Уставот на Република Македонија и стапуваат на сила со денот на нивното прогласување.
Datum
25.11.
Со доделувањето на статус на држава-кандидат за членство во Европската унија за Македонија ќе се испрати уште посилен сигнал дека регионот својата иднина треба да ја гледа во Унијата. Тоа ќе ги обесхрабри ирационалните политички фактори кои се секогаш подготвени да ги злоупотребат етничките чувства за дневно-политички цели, што ќе овозможи полесно решавање на косовското прашање, рече премиерот Владо Бучковски во денешното обраќање пред учесниците на Самитот на шефови на влади на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) што се одржува во Пиешчани, Спа, кај Братислава.
26.11.
За финансирањето на образованието сите земји од ЈИЕ издвојуваат значително помалку средства од западноевропските и процентуално и според обемот. Од бруто домашниот производ издвојуваат од 3,5% до 3,7%. Македонија е во групата од 3,7%, додека издвојувањата во земјите од Европската унија се над 5%. Ова, меѓу другото, беше истакнато на завршувањето на тридневниот Меѓународен семинар во Охрид на кој се расправаше за ефикасното инвестирање во образовниот систем, во организација на Иницијативата за реформи во образовниот систем во земјите од Југоисточна Европа.
27.11.
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во процесот за одредување на идниот статус на Косово Марти Ахтисари, на прес-конференција во Скопје истакна дека Македонија може да послужи како добар пример за решавање на мултиетничките прашања. Тој рече дека Косово и тамошните институции треба да посетуваат курсеви во Македонија, барем во сегментот на децентрализацијата, посебно онаму каде што има мултиетнички општини.
28.11.
Премиерот Владо Бучковски и ректорите на Скопскиот, Битолскиот и на Универзитетот на ЈИЕ денеска потпишаа Договор за соработка со кој се обезбедува вработување на 100-мина најдобри студенти во јавната администрација. Премиерот оцени дека овој чин претставува продолжување на економската програма на Владата и зајакнување на капацитетите на јавната администрација. Ќе бидат вработени 50 најдобри студенти од Скопскиот и по 25 од Битолскиот и од Тетовскиот универзитет.
29.11.
Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија во Загреб потпишаа декларација за либерализација на критериумите за членство во ЦЕФТА. Свои потписи на декларацијата ставија хрватскиот премиер Иво Санадер, македонскиот премиер Владо Бучковски, бугарскиот министер за економија и енергетика Румен Овчаров и романскиот министер за трговија Јулиу Винклер.
Со либерализацијата на критериумите се отвора можност за Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и Молдавија, да ги почнат преговорите за членство во ЦЕФТА. Македонија набрзо ќе стане членка на оваа организација.
ЦЕФТА е мултилатерален договор за слободна трговија во Централна Европа. Членки се Бугарија, Романија и Хрватска.
30.11.
Министерот за финансии Никола Поповски, во рамки на промоцијата во европските градови, денеска ја презентира еврообврзницата во Лондон во износ од 150 милиони евра. Едновремено се промовираат и презентираат можностите и состојбите на нашата држава, како и реформските активности на Македонија. Остварени се средби со претставници на банкарскиот и финансиски сектор, како и со британски бизнисмени и деловни луге кои работат на британскиот пазар.
Целиот износ што ќе се добие со продажбата на еврообврзниците ќе се искористи за откуп на долгот на Република Македонија кај Лондоснкиот клуб на кредитори.
Ретровизија >> На почеток >>
|
 |
|
|
 |
 |

ФОРУМИ >>



Од 21.11.2005, Мултимедијалниот центар Авизо МЦ ги активираше форумите на првиот (и засега единствениот) дневен електронски весник во Република Македонија - Дневен е-Еснаф.
Повелете и вклучете се во дискусиите на поставените теми. Поставете тема, коментар – изнесете го Вашето мислење. И Твојот збор е важен!
Активно вклучете се во дискусија со нашите Колумнисти. Коментирајте ја секоја објавена колумна во Дневен е-Еснаф на Еснаф Форуми-те. Регистрирајте се за активен член.
Наскоро, тоа ќе биде местото каде ќе може да ги разрешиме сите технички проблеми околу читањето на Дневен е-Еснаф. Тука ќе можете да дадете сугестија за уредувачката политика и информациите кои редовно Ви ги доставуваме.
Следете ги Еснаф Форуми-те!
|
|
|
 |
|
 |

|
 |
|
 |
 |

Став и критериум 16-30/11/2005 : СВЕТОГЛЕД


Рајнер Марија Рилке од
ПИСМАТА ДО МЛАДИОТ ПОЕТ
"Ме прашувате дали Вашите стихови се добри. Ме прашувате мене. Претходно сте прашале и други. Вие ги испраќате во списанија, гиии споредувате со други песни и се вознемирувате кога извесни редакции ќе ги добијат Вашите обиди. Е па (кога веќе ми дозволивте да Ви давам совети), јас Ве молам да се откажете од сето тоа. Вие ги упатувате своите погледи надвор, а тоа пред се не смеете да го правите. Никој не може да Ве советува ни да Ви помогне, никој. Постои само едно единствено средство. Задлабочете се во себе. Истражувајте ја причината што ве гони на пишување; испитајте дали таа ги раширила своите корени во најскриените длабочини на Вашето срце, признајте си на самиот себе си дали би морале да умрете кога пишувањето би Ви било ускратено. Ова пред се: прашајте се самиот себе си во најинтимниот час на своите ноќи-морам ли да пишувам? Ровете до дното на душата барајќи длабок одговор. Па ако тој одговор гласи потврдно, ако ова сериозно прашање можете да го пресретнете со самото и просто морам, тогаш градете го својот живот според таа неминовност; Вашиот живот, и во своите најрамнодушни и најбезначајни часови мора да биде знак и сведоштво на овој неодолив порив. Тогаш доближете и се на природата. Тогаш обидете се, како прв човек, да го искажете она што го гледате и го доживувате, и го сакате и го губите...
Уметничкото дело е добро ако настанало од неминовна потреба. Во оваа особеност на неговото потекло лежи и судот за него. Друг суд нема...
Оти оној што создава мора да биде свет за себе и се да наоѓа во себе и во природата со која се споил.
Став и Критериум >> На почеток >>
|
 |
|
|
 |
 |

НАША ДОМИСЛА >>

Кога на човек му се случуваат едновремено најголемата сразија и најголемата поразија во животот? Нема поголеми од оние во претсмртниот миг. Ако сте присуствувале на него, можеби и во него, тогаш знаете дека спокојно заминува оној што е сигурен во себе си дека направил многу од се што сакал и од се што можел. Во неспокој и молк заминува оној што осознал дека остава многу нешта недоречени, недоправени, заборавени во сопствената минливост. И во неговата. Сепак, последниот здив собира се. Во последниот издив нема ништо, освен тежина, немоќ и осама.
|
|
|
 |
|
 |

|
 |
|
 |
 |


Паметник 16-30/11/2005 : ЛИЧНОСТ И ДЕЛА

Диоген од Спиноза
Старогрчки филозоф чие учење и денес е актуелно.
Диоген живеел од околу 400-та г.пр.н.е. до 323-та г.пр.н.е. Тој е еден од најзначајните претставници на тн. киничка школа. Барал враќање кон природната состојба. Порекнувал секаква култура и какви било потреби. Живеел како бескуќник, спиел во буре и ги отфрлувал сите културни и општествени норми како баласт кој на човекот му оневозможува да биде рамнодушен спрема богатството, славата, честа, семејството, политиката, религијата, и спрема се друго што е неприродно.
Киничкото учење за сведување на потребите на минимум го спровел најдоследно во животот. За неговиот живот, ставовите и постапките говорат многу, често непроверени анегдоти. Кога Александар Македонски му ветил дека ќе му исполни секоја желба и кога го прашал што сака, Диоген му одговорил да му се тргне од сонцето оти му пречи при сончањето.
Диоген Лаертиј во своето дело "Животот и мислењето на истакнати филозофи" опишува како изгледале и со што се служеле киниците, како Диоген:
"Еден дебел стап од диво маслиново дрво, една парталеста поставена наметка која ноќе служела како постела, една просјачка торба за храна и еден сад за вадење на вода".
Во својот поголем запис за Диоген, Лаертиј, меѓу другото, запишал:
"Дење палел свеќа и зборувал: 'Барам човек'".
Паметник >> На почеток >>
Паметник 16-30/11/2005 : НАСТАНИ-СЛУЧУВАЊА

Од Историјата на македонскиот народ: За Богомилското движење
Богомилското движење за првпат се појавило во времето на бугарскиот цар Петар, и тоа веројатно најнапред во Македонија. Најнапред тоа бил протест против богатите слоеви на општеството и во прв ред против црквата. Богомилите острицата на своите вербални напади ја впериле кон црквата. Тие ги повикувале селаните да не им работат на феудалците. Основен извор за ова движење во 1о-от век е Беседата против богомилите од Презвитер Козма, напишана со цел да се осудат богомилите и да се оттргнат масите од нив, да не станат "еретици".
Прв учител и распространувач на богомилството бил попот Богомил. Меѓу населението од селата во планината Бабуна е зачувана една легенда за попот Богомил. Според името на планината, подоцна богомилите ги викале уште и бабуни. Легендата укажува дека поп Богомил бил роден во селото Богомила. Тука живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во тн. "црквиште", изградено во земјата, кое на богомилите им служело како молитвен дом. Свое скривалиште богомилите имале и во пештерата до селото Нежилово.
Богомилските проповедници учеле дека постои борба меѓу доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто. Тие проповедале дека богатите се слуги на ѓаволот, па кој им се потчинува ним, тој всушност му се спротивставува на бога. Учеле дека сиот видлив свет со неговите закони и поредоци не бил создаден од бога, туку од ѓаволот. Тие биле против постоењето на црквите и манастирите, против крстовите, ионите, празниците и сл. Пропагирале дека секој може да му се моли на бога и без свештениците.
Брзото ширење на богомилското движење го принудило царот Петар да преземе енергични мерки за неговото ликвидирање. За таа цел тој побарал и добил инструкции од цариградскиот патријарх Теофилакт. Според известувањето на Козма, тогаш настрадале илјадници богомили. Голем број од нив биле фрлени во затвори и спалени на клада. Меѓутоа, свирепите мерки не само што не го уништиле богомилството, туку тоа се повеќе се ширело и станувало општонародно движење.
("Историја на македонскиот народ", повеќе автори и издавачи, 1988)
Паметник >> На почеток >>
|
 |
|
|
 |
 |

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР >>

Ново: ЗЛО во „Клик“
Испратете Забавен Личен Оглас (до 25 збора) на SMS телефонскиот број: 070.145116. Шифрирани или нешифрирани - пораки, поздрви, честитки, покани, мудрости, духовити одговори, вицеви. Најинтертесните ќе бидат објавени секоја сабота во „Клик“ а за најдобрите од нив следуваат награди.
(цена на пораката 5 денари + ДДВ)
|
|
|
 |
|
 |

|
 |
|
 |
 |

Актуалитет 16-30/11/2005 : НИЕ-ДРУГИТЕ


Потврдена отворената политика на ЕУ. Дали тоа ќе значи и потврда на кандидатскиот статус на Македонија?
Сосема е очекувано и логично ЕУ спрема земјите од Западен Балкан постојано да ја потврдува својата отворена политика. Меѓутоа, таквиот начин на "одржување" или "негување" на оптимизмот кај овие земји односно нивните власти само ги подгрејува нетрпеливоста, разочарувањето и незадоволството.
Европската комисија во последно време донесе низа одлуки кои јасно кажуваат дека Брисел едноставно "не може" без Западниот Балкан. Прашањето што се поставува во овој момент е дали тие реално "заслужиле" асоцијативно-зтабилизирачки или кандидатски статус, а всушност: кој е прошиорувачкиот "капацитет" (во временска смисла) на ЕУ?
Состојба: "ави" за Република Македонија, деновиве (15-ти декември?) кандидатски статус за членство во ЕУ, Албанија е "пред" потпишување на Спогодба за стабилизација и асоцијација, ЕК предложи започнување на преговори со Бих з таков Договор, ЕУ веќе преговара за ССА со СЦГ-дадена е оценка "значителен напредок во соработката со меѓународниот трибунал", Хрватска веќе ги започна преговорите за членство, во Црна Гора се забележани "позитивни настани во зајакнуивањето на економскиот раст", Косово...
Напредокот на Република Македонија на многу полиња не е спорен. ЕК ги истакнува стабилноста на институциите на системот (но не и ефикасноста во нивното дејствување), имплементацијата на Охридскиот договор, реформите во полицијата и правосудството (уставните промени), кои "мора да продолжат", усогласувањето на македонската законска регулатива со онаа на ЕУ. На економски план се забележани ниската инфлација, воопшто стабилната макроекономска ситуација и првите "сигнали" на економски развој. "Забелешките" се мошне сериозни и можат да влијаат на одлуката на 15-ти декември, поточно тие да бидат "покритие" за одлагање на давањето на кандидатски статус . Велиме покритие бидејќи е сосема јасно дека кризата вол Еу е мошне сериозна поради "распределбата" на финансискиот "колач", и тоа токму делот за финансирање на новите и идни членки. Од "забелешките" најсериозно е барањето нас организирање на регуларни следни избори (парламентарните идната година). Потоа "следуваат" недостатоци во функционирањето на институциите, големата корупција ("во многу области на економскиот, социјалниот и политичкиот живот (последните "скандали" со наводни тајни сметки во швајцарски банки, а особено тоталното нефункционирање на јавното обвинителство во изминатиот период, пред се на државниот јавен обвинител, се пре-голема "опасност").
Патот до членство во ЕУ е-ќе биде мошне долг. Тоа подеднакво се однесува на сите земји од Западниот Балкан. Г-дин Оли Рен во името на ЕУ кажа дека не постои "пократок" пат, а всушност мошне прецизно го "покажа". Само е прашање дали "одговара" односно дали се тие подготвени да почнат да чекорат по него: демократија (особено потврдена на секои избори), постојан "отчет" пред јавноста-транспарентност, "вистински" и брзи реформи во економијата, ефикасно функционирање на институциите на системот (правна држава), европски стандарди-систем на вредности.
Конечно, без оглед на "огромната желба" и подгрејувањето на атмосферата дека 15-ти декември е "Ден Д" за Македонија (зад што се "крие" опасноста од сеопшта оценка за уште еден неуспех на актуелната власт, уште еден голем минус пред следните парламентарни избори), кандидатскиот статус, заслужен или не сеедно, дури сеедно добиен или не токму на овој ден или подоцна (според последните ифнромации оптимизмот е сериозно "разнишан" поради неуспехот со усвојувањето на Евробуџетот и реагирањата од страна на Франција, па и на Холандија, а да не се заборави веќе јасно изразеното барање во Грција оваа земја да стави вето на таквата одлука), Република Македонија мора не веЌе да размикслува, туку деноноќно да дејствува во правец на нејзино "комплетно" европеизирање. Што значи тоа, не треба да се објаснува.
Она што може да претставува главна причина, или една од "нај-главните" за одлагање на добивањето на статусот кандидат за членство (сосема е јасно дека, и да е како што може да биде, европските лидери нема да го истакнуваат сопствениот проблем како причина) е демократски, а пред се регуларни избори.
Во Скопје се одржа форум на тема 'Политички партии и деморкатски развој" на кој токму на тој план од "меѓународните учесници" беа посочени мошне сериозни предупредувања.
"Демократијата не може да се достигне, а уште помалку може да се одржи без политичките партии", порача шефот на мисијата на ОБСЕ Карлош Паиш. Тој потенцира дека секако тоа не значи оти во демократското општество нема место за граѓанските движења. "Напротив, најсилните демократии се секогаш оние во кои има развиено граѓанско општество што егзистира заедно со традиционалните десничарски, центристички или левоориентирани партии". Мошне честа појава е намалувањето на довербата на граѓаните во политичките партии и нивната индиферентност во целокупниот политички процес. "Постои се поголема тенденција за помало учество на граѓаните на изборите. Младите луѓе и го вртат грбот на политиката. Тие заработуваат за живот на други места без да се вмешуваат себеси и своите семејства во полтиката", рече Паиш. "За Европската комисија следните парламентарни избори се тест за приближувањето на вашата земја кон Унијата. Сега е на политичките партии и на политичките лидери како на национално така и на локално ниво да покажат отворена и силна политичка заложба дека ќе ги почитуваат нормите што наскоро ќе бидат усвоени", порача амбасадорот на ОБСЕ.
Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на делегацијата на ЕК во Македонија Ерван Фуере потенцира дека изборите закажани за в година за Македонија претставуваат круцијален тест во нејзиниот напредок кон постигнувањето на крајната цел-членство во Европската унија. "Без навремено и соодветно имплементирање на препораките од ОБСЕ/ОДИХР и без силна заложба за санкционирање на сите изборни нерегуларности, целосниот интегритет за следните парламентарни избори во 2006-та година ќе биде ставен на ризик". Тој истакна дека е "многу посоодветно во моментов фокусот на политичките партии да биде ставен на успешно усвојување и ефективно имплементирање на изборните реформи отколку на шпекулациите за времето кога ќе се одржат следните избори". Според него, еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат политичките партии во Македонија, но и пошироко во Европа, е недостигот на доверба на граѓаните во нивното работење. Во Македонија граѓаните се повеќе загрижени за корупцијата којашто постои внатре во самите политички партии и меѓу нив, за недостигот на транспарентност за начинот на којшто тие се финансираат, како и за влијанието што политичката партија може да го има во кариерата на поединецот.
Шефот на Советодавната мисија на НАТО во Скопје, генерал Денис Блис, потсети дека при една од посетите на премиерот Владо Бучковски на Брисел од страна на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер му било порачано дека доколку една земја сака да се приближи кон НАТО- алијансата таа треба да има највисоки стандарди за спроведување на фер и демократски избори. Претставникот на НАТО им порача на политичките партии дека треба да дадат свој придонес и да направат се што е во нивна моќ да се оневозможат нерегуларности на изборите и да санкционираат и кривично гонат сите оние кои би биле вклучени во евентуални нерегуларности со што политичките партии ќе покажат дека сериозно работат за своите граѓани.
"Ние не сме овде за да ви кажеме што се бара, ве здружуваме вас, граѓаните, политичките партии, владините претставници и медиумите за да ја постигнете целта - спроведување на успешни избори, зашто македонските граѓани заслужуваат транспарентни и демократски избори", порача амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ. Таа ја потенцира важноста од спроведување на демократски и фер избори следната година и дополни дека тоа не е важно само за европските и евроатлантските интеграции, туку и за граѓанинот кој го става ливчето во гласачката кутија.
Британскиот амбасадор Роберт Чатертон Диксон рече дека политичките партии конечно мора да го напуштат досегашниот начин на однесување. Потребно е професионалци, а не партиски луѓе да бидат во клучните институции на државата. "Ова ја поткопува способноста на овие институции да работат во име на своите граѓани. Но ако видиме промена на власта во следниот период ќе биде од суштинска важност да се задржат професионалните капацитети кои беа остварени во минатите години по заслуга, а не поради полтичка припадност", порача Диксон.
"Не е толку потребна реформа на легислативата, колку што е потребна реформа на ставовите, а најмногу на однесувањето", рече Џулијан Пил Јејтс од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Според него, постои општ договор кај дел од учесниците, дека Владата мора во најкус можен рок да воспостави здрава законска рамка за спроведување на изборите, но исто така е потребно зголемување на нивото на демократијата во самите политички парти, поефикасни партиски програми, а најважно е подигнување на нивото на одговорноста. "Партиската желба за демократско однесување мора да ја надмине желбата да се добијат изборите по секоја цена", нагласи Јејтс.
Колку од овие ставови, поточно пораки ќе бидат разбрани и прифатени, а пред се претставуваат навреме упатен "сигнал" за прифаќање или одлагање на кандидатскиот статус за членство на Република Македонија во ЕУ, останува да се види.
Актуалитет >> На почеток >>

Решавање на статусот на Косово
Решавањето на статусот на Косово ниту ќе биде брз и лесен, ниту едностасввен процес (а не чин што ќе се "случи" воо еден ден). Тоа е основниот "резултат" од (првата?) "шатл-дипломатска мисија" на специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари.
Најнапред, прашање е дали "првата" (која ќе биде постојано повторувана) порака до Албанците дека нема ништо да постигнат, најмалку брза независност со насилни средства како притисок однонсо дестабилизација, е сериозно прифатена или не. Ова посебно се однесува на привремените институции кои, со помош на меѓународниот "фактор", мора интензивно да работат "на теренот", во спречување на и најмало насилство или негово жестоко (токму така) санкционирање.
Ова беше повторено-потврдено и од Г-динм Ахтисари и од неговиот заменик Алберт Рохан. На прес конференција во Приштина Рохан беше дециден: " Целата меѓународна заедница навистина го отфрла насилството. Како што рече претседателот (Ибрахим Ругова-заб.ред.): Кој и да преземе вакви мерки, тие ќе бидат целосно контрапродуктивни".
Во меѓувреме некоои проследувачи и аналитичари на состојбите на Косово се обидоа да пероценат која е силата на тајната милитантна група наречена Армија за независност на Косово (АНК) и колку се сериозни нејзините закани за кампања на насилство.
Да потсетиме, АНК се појави "групно" (маскирани вооружени мажи) во јужниот дел, во Дукаѓини, кој се граничи со Албанија. УНМИК најнапред го негираше нејзиното постоење, за многу "брзо" да признае дека постојат "терористички групи" кој "не претставуваат сериозна опасност". А призна откако на 16-ти ноември автомобил на Косовската полициска служба (КПС) беше оштетен од експлозија, а потоа кога експлодира бомба под камион на преполно пазариште во Штрпце, град во кој претежно живеат Срби, при што беа повредени четворица српски тинејџери. Во меѓувреме се случиоја уште неколку инциденти кои се оквалификувани како терористички акти, но апсењето и казнувањењто на нивните сторители, вообичаено, оди "поприлично тешко".
Ја бележиме и изјавата на шефот на УНМИК која претставува јасна порака до насилниците-бандитите-терористите или (можеби е најпрецизно да се наречат) лудите, "вжештени" глави: користењето на насилството за да се наметне некоја ситуација е лудо, "Ние сме подгботвени да одговориме на каков било вид на насилна провокација".
Кон овој прилог посочуваме и на редакцискиот уводник на парискиот весник "Монд" кој исто така се однесува на Косово, но на друга мошне актуелна тема која, зазбележуваме деновиве, успешно се "забошотува", како што беше и барано од САД. Станува збор за обвиненијата дека Американците ги "преселиле" своите затвори за исламските терористи во странство. Колку тоа ќе влијае на севкупните состојби на Косово, па и во однос на решавањето на неговиот конечен статус, засега не може да се прогнозира. Ако се има предвид дека е веќе јасно нагласено оти НАТО односно УНМИК односно САД ќе останат на Косово "уште долго", тогаш...
Во уводникот се потенцира дека "САД не смеат на Косово да се однесуваат како на освоена територија, користејќи ја покраината за свои илегални затвори во кои масовно се кршат законите и човековите права". Потсетувајќи на изјавата на поранешниот еврокомесар за човекови права Алваро Хил Роблес дека пред три години во американската база Бондстил видел затвореници во црвена облека, како оние според кои денес се идентификуваат затворениците од Гвантамо, весникот нагласува дека Хил Роблес, во изјава токму за "Монд", само го потврдил она за што одамна се сомневале меѓународните организации за човекови прва.
"Ако се покажат тие тврдења како точни, таа практика ќе мора да биде осудена како неприфатлива. Таа ја дискредитира американската реторика за демократија и човекови права, со која, по случувањата од 11-ти септември 2002-ра година, САД го оправдуваат крстосувачкиот поход на тероризмот и тиранијата".
Угледниот париски весник, меѓу другото, додава дека би било шокантно ако се покаже дека САД се однесуваат како освојувачи на територијата која е од пред 6 години под протекторат на ОН. "Запад не водеше војна на Косово повикувајќи се на хуманитарни побуди, за денес таму да толерира или дури да создава зона без владеење на правото", заклучува "Монд".
Актуалитет >> На почеток >>
|
 |
|
|
 |
 |

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР >>

ОГЛАСУВАЈТЕ, рекламирајте се! Ова е простор кој би можеле да го искористите за вашата реклама. Нека и за вас читаат и дознаваат, новини и занимливости.
Што мислите, колку би ве чинел овој простор? Јавете ни се за да се договориме: marketing@avizo-mc.com. Проверете.
|
|
|
 |
|
 |

|
 |
|
 |
 |

Бизнис 16-30/11/2005 : МЕНАЏМЕНТ-ПРОДУКЦИЈА


Македонски еврообврзници
Дали македонските еврообврзници, што ќе бидат објавени до крајот на годинава, а кои беа мошне успешно промовирани на европскиот пазар на капитал, се повеќе стабилизирачки или стимулирачки "фактор" за земјата?
Нивната основна функција, како дел од севкупната економско-финансиска стратегија, е зголемување на капацитетот за позајмување и привлекување на инвеститори. Министерот за финансии Никола Поповски на неколку наврати потенцира дека средствата од нивното издавање ќе бидат користени исклучиво за рефинансирање на надворешниот долг на земјата. Нивната вредност воопшто не е мала-150 милиони евра.
Со нивната намена на странските инвеститори им се дава уште еден сериозен и голем (сигурен) сигнал за безбедноста на нивните евентуални капитални инвестиции во земјата. Конкретно, како што покажуваат искуствата на земјите кои досега презеле вакво инструмент за рефинансирање, тоа значи драстично намалување на зависноста од поддршката на официјалниот платен буџет и многу поголема (се разбира, не целосна, а со оглед на намената на еврообврзниците) свртеност кон пазарното финансирање. Тоа едновремено ќе значи зголемување на меѓународните резерви и развој на сопствениот позајмувачки капацитет.
Прашањето односно дилемата во насловот на овој прилог се всушност размислување и ставови на некои домашни економски експерти. Имено, можевме да слушнеме заложба за инвестирање на еврообврзниците во инфраструктурни проекти со што би се обезбедила побрза инвестициона добивка. Владата не се согласува и е јасно дека нема да прави никаква отстапка во таа насока: Македонија ќе ги употреби тие пари за враќање на долгот. А каматата што ќе ја плати на еврообврзниците, според неа, ќе биде пониска октолку сумата што ја плаќа за надворешниот долг.
Судејќи според резултатите од европската промоција (веќе ја потенциравме нејзината успешност), а пред се покажаниот интерес (според изјавите на министерот Поповски), проценката дека каматата ќе изнесува околу 10% на годишна основа, што значи пониска од стапката што земјата ја плаќа на домашниот пазар преку издавањето на благајничките записи, ќе се покаже дека Владата има право, а очекувањата се од успешното ефектуирање на еврообврзниците се реални.
Сосема друго е прашањето дали обичниот граѓанин во "догледно" време ќе ги "почувствува" благодатите од македонските еврообврзници. Се разбира, мислиме на инвестициски "бум", кој никако да почне, и побнрзо, подинамично решавање на најгорливиот егзистенцијален проблем-вработувањето. Ефектот од враќање на надворешниот долг може да биде само посреден и долгорочен.
Бизнис >> На почеток >>

Дали решението со големите "загубари" е во нивна "замена" со нови компании?
Што значи нова компанија како замена за загубар кој никој не сака да го купи? Имаме и ние такви примери? Интересна е одлуката на Грција:
На 15-ти ноември Владата на Грција објави формирање на нова авиокомпанија што ќе ја замени "пропаднатата" "Олимпик ерлајнс".
(Од нашата хеморотека: АП, Ројтерс, Ксинхуа, Атинска новинска агенција, Хеленик радио, Катимерини- Southeast European Times)
Грција во вторникот (15-ти ноември) објави дека ќе формира нова авиокомпанија следната година, на местото на "Олимпик ерлајнс". Ова известување уследи по последниот неуспешен обид на властите да пронајдат купувач за економски ослабнатиот национален превозник на земјата.
"И покрај нашите сериозни напори, повеќе не е можно да се продолжи со овие приватизациони напори...Ние веднаш ќе пристапиме кон алтернативното решение", рече министерот за транспорт Михалис Лиапис, по состанокот на Владата. "Во Парламентот во текот на следните неколку дена ќе биде претставен нацрт-законот за формирање од страна на државата на нова авиокомпанија...приватните инвеститори ќе ги контролираат мнозинските (акции) и ќе бидат надлежни за нејзиниот менаџмент". (Напомена на Ред.: во меѓувреме нацрт-законот е претставен).
Овој чекор следеше по одлуката на Европската комисија (ЕК) на 14-ти септември, со која "Олимпик ерлајнс" се обврзува да ги врати 540-те милиони евра во вид на нелегална државна помош. Субвенцијата му даде на овој авикопревозник нефер предност во однос на конкурентите, рече Комисијата која и даде на Грција рок од 2 месеца за да одлучи кои мерки ќе ги преземе со цел да ја испочитува истата. Грција ќе се соочи со дневни парични казни во случај да не преземе активности, предупреди европскиот комесар за транспорт Жак Баро.
"Олимпик ерлајнс" беше формиран на крајот од 2003-та година како наследник на "Олимпик ервејс", кој беше основан од страна на бродскиот магнат Аристотел Оназис во 1957-ма година.
Во рамките на своите најнови напори за приватизација на ова претпријатие-загубар, Грција преговараше со конзорциумот кој го сочинуваат грчкото претпријатие за инвестиции "Олимпик инвесторс" и американскиот инвестиционен фонд "Јорк капитал. Во вторникот се уште не се знаеше дали конзорциумот ќе биде вклучен во новото претпријатие по очигледното фијаско на тендерот.
Грција, според Лиапис, ќе ја задржи инвестиционата банка "Лазард" како свој советник во формирањето на наследникот на "Олимпик ерлајнс", кој ќе го носи истото лого и ќе има слично име кога ќе започне со работа следниот април.
Авиокомпанијата моментно има летови до 75 домашни и меѓународни дестинации и превезе околу 5 милиони патници во 2004-та година. Локалните медиуми објавија дека околу полвина од вкупниот персонал на "Олимпик ерлајнс" и придружните државни претпријатија од вкупно 6.000 лица ќе ги загубат своите работни места, а флотата од 40 авиони ќе биде намалена на околу 25 до 30.
"Владата вети дека ќе обезбеди вработување за сите вработени кои нема да бидат вклучени во новото претпријатие", рече Лиапис.
Во септември одлуката на ЕК предизвика стравувања помеѓу вработените во "Олимпик ерлајнс" дека Владата би можела да одлучи да го затвори претпријатието. Затоа, синдикатот на авиокомпанијата претпазливо ја поздрави одлуката во вторникот.
"Владата конечно се вразуми...но, останува да се види дали ова решние е остварливо", АП го цитираше Јанис Калианос, шефот на синдикатот на инженерите на "Олимпик ерлајнс".
Според некои извештаи, претходните неуспешни обиди за приватизација на авиокомпанијата чиеа 2,5 милијарди евра, додека загубите од работењето во текот на изминатите неколку години достигнаа една милијарда евра.
Бизнис >> На почеток >>

САД од продажба на оружје профитирале 18 милијарди долари во 2004-та година
Една вест минатиот месец кај нас не предизвика никакво внимание. Дали затоа што тоа не не "засега" нас или поради "нешто" друго, не е толку важно, колку што е потврда дека "продавањето" на демократија од страна на САД во голема мера е всушност продавање на оружје (за нејзино "воспоставување"). Ништо ново, УШте попмалку "изненадувачко"? Се разбира.Бизнис си е бизнис.
САД во странство продале 20.966 ракети во последните 12 години, од 1992-ра до 2004-та година, јави ИТАР - ТАСС преку МИА.
Асоцијацијата за контрола на вооружувањето во Вашингтон соопшти дека САД се неоспорен лидер во светски рамки во продажба на конвенционално оружје.
Белата куќа во изминатиот период на други држави им доставила 1.366 воени авиони, 435 јуришни хеликоптери, 5.335 тенка, 7.849 различни воени машини и 61 воени бродови, наведува Асоцијацијата во своето списание "Армз Контрол тудеј".
Според информации од Конгресот на САД, во 2004-та година Вашингтон од продажбата на оружје профитирал 18 милијарди долари.
Статистичките информации на Асоцијацијата се поткрепени со регистрацијата на конвенционални оружја, водена од ОН, а врз основа на доброволно доставени податоци од владите.
Минатата година такви информации доставиле 110 земји. Од 1998-ма година досега, Кина не дава информации за своите "зделки" како знак на протест против продажбата на воена техника од САД за Тајван, пренесува МИА.
Според евиденцијата на ОН, во текот на 2004-та година во целиот свет се продадени 5.387 единици тешко оружје, што е за 1.200 повеќе од претходната година.
Бизнис >> На почеток >>
|
 |
|
|
 |
 |

REKLAMEN PROSTOR >>

OGLASUVAJTE, reklamirajte se! Ova e prostor koj bi mozele da go iskoristite za vasata reklama. Neka i za vas citaat i doznavaat, novini i zanimlivosti.
Sto mislite, kolku bi ve cinel ovoj prostor? Javete ni se za da se dogovorime: marketing@avizo-mc.com. Proverete.
|
|
|
 |
|
 |

|
 |
|
 |
 |

Процеси и дејанија 16-30/11/2005 : НОРМА, СТАНДАРД - ЛИЦЕ И ОПАЧИНА


Дали наскоро ќе биде олеснет визниот режим за земјите од Западен Балкан
Без оглед на негативните импликации врз регионалната стабилност, како и постојаните барања или поточно притисоци да се "попушти", според последните изјави-визниот режим од страна на ЕУ спрема Западниот Балкан наскоро нема да биде олеснет. Во тоа очигледно не може да помогне ниту МКГ.
Сегашната визна политика на ЕУ спрема Западен Балкан предизвикува лутина и негативно влијае врз регионалната стабилност, се вели во извештајот на Меѓународната кризна група во кој се бара од блокот да почне со либерализација на режимот.
(Однашата хеморотека: МКГ, Ројтерес, Макфакс, МИА, Радио Б92, ДТТ-НЕТ, Southeast European Times)
Влијателната меѓународна група побара од ЕУ да преземе чекори барем за делумна либерализација на својот визен режим за 4-те земји од Западен Балкан, тврдејќи дека сегашната политика ги загрозува напредокот и стабилноста на реигонот.
Сегашниот визен режим спрема Албанија, Бисна и Херцеговина (БиХ), Македонија и Србија и Црна Гора, вклучувајќи го и Косово, "предизвикува лутина, го попречува напредокот во трговијата, бизнисот, образованието, како и создавањето на поотворени граѓански општества, и како резултат на тоа негативно влијае врз регионалната стабилност", се вели во новиот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) "Визите на ЕУ и Западен Балкан".
На својот самит во 2003-та година во Солун, ЕУ се обврза на полиберален визен режим за земјите од Западен Балкан, но не успеа да го оствари ветеното, се вели во документот од 26 страници, објавен во вторникот (29-ти ноември).
МКГ потврдува дека целосната либерализација на визниот режим, најверојатно, би била посоодветна кога 4-те балкански земји ќе се доближат до влезот во ЕУ. Но истовремено, групата бара од блокот да ги започне преговорите околу ова прашање и да ги утврди чекорите што секоја земја мора да ги преземе за да обезбеди подобрен визен режим од страна на ЕУ.
За почеток, според МКГ, земјите-членки на ЕУ треба да ја разгледаат можноста за селективна либерализација на визниот режим за одредени групи, како на пример за академиците, бизнисмените и трговската заедница, граѓанското општество, медиумите и функционерите. Унијата треба, исто тала, да преземе чекори за пошироко олеснување на визниот режим за сите апликанти, вели групата.
"Овде не се работи за имиграцијата, постојаниот престој или опасностите за работните места во ЕУ", рече во вторникот Николас Вајт, програм-директорот на МКГ за Европа. "Овде станува збор за либерализацијата на визниот режим под ограничени услови, првенствено за студентите, бизнисмените и туристите, како и за тоа процесот на аплицирање да биде поедноставен, побрз и помалку болен за сите. Сегашниот систем предизвикува лутина бидејќи мнозинството плаќа висока цена за криминалното малцинство".
МКФ, исто така, ги повика и 4-те балкански земји да преземат мерки како што се: склучувањето на билатерални договори со земјите-членки на ЕУ за реадмисија на сите државјани од трета земја кои пристигнуваат во ЕУ од нивната територија; усвојување на легислатива за казнување на прекршувањето на законите за имиграција на земјите-членки на ЕУ, воведување на санкции за лицата кои ја овозможуваат илегалната имиграција, како и спроведување на интегриран граничен менаџмент, во согласност со стандардите на ЕУ.
Освен тоа, од Албанија, БиХ, Македонија и Србија и Црна Гора се бара "да продолжат со напорите на регионално, национално ниво и преку границите на ентитетот/државата/републиката во борбата против организираниот криминал, дрогата, илегалната имиграција, шверцот, перењето на пари и тероризмот".
Истакнувајќи дека реформските напори во регионот се се уште на нестабилна основа, бидејќи граЃаните гледаат малку реални резултати, МКГ вели дека е време да им се понудат такви.
"Новата балканска генерација, која треба да го извади регионот од ограничениот национализам и конфликтите и да го одведе кон европската иднина, не ги добива неопходните инструменти", рече Нејл Кемпбел, аналитичар на МКГ. "Визната политика која неизбежно предизвикува лутина кон ЕУ секако не претставува начин за да се постигне напредок-ниту во регионот, ниту, пак, во Европа во целост".
Процеси и дејанија >> На почеток >>

Егзистенција на улица-социјална политика
Еден извештај на УНИЦЕФ ја "размрда" власта како сликата да не и е "пред очи". Конечно, министерот за труд и социјална политика "призна" дека за социјалата државата икздвојува многу малку. Доволно за почеток.
На улиците во Македонија има околу 1.000 деца кои се обидуваат својата егзистенција да ја обезбедат со просење, собирање на старо железо и хартија, со давање на мали услуги на возачите кај крстосниците или со продавање на производи кои најчесто се забранети за легално продавање, се посочува во Извештајот "Проценка на политиките, состојбите и програмите за децата на улица".
Во документот што го изготви Институтот за социјална работа и политика при Филозофскиот факултет во Скопје, а го поддржа Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, се посочува дека најголемиот дел од децата, околу 49% се наоѓаат на улиците на главниот град Скопје, повеќето се од ромска националност, но има и албански и македонски деца. Овие деца без услови за нормален развој и детство, најголемиот дел од денот го минуваат на улица придружувани од нивните родители или сами, а оние на училишна возраст не се вклучени во образовниот процес, или доколку се вклучени нередовно ја посетуваат наставата и се со слаб успех.
Шефот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија Хонгвеј Гао на презентацијата истакна дека Министерството за труд и социјална политика прави сериозни напори за решавање на проблемот со децата на улица, а лани беше отворен и Дневниот центар за овие деца. Според неа, Дневниот центар, каде што за децата се подготвени едукативни и забавни програми, не е долгорчно решение за овој проблем. За намалување или дефинитно оттргнување на децата од улица е потребно, додава Гао, да се отстранат причините што доведуваат до лошата економска состојба и нискиот степен на образование на родителите, но пред се заедничка работа на релевантните институции со НВО-секторот и локалната самоуправа.
Министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски информира дека досега во Дневниот центар биле згрижени 265 деца, а потребите се најмалку трипати поголеми. Во рамките на напорите за справување со овој проблем, тој посочи дека повремените излегувања на социјалните работници на теренот, кои не дадоа задоволитетелен резултат, сега се заменети со мобилни тимови од стручни лица кои директно на теренот остваруваат контакт со децата и ги утврдуваат карактеристите за секој случај поединечно. Од почетокот на овој месец (се мисли на ноември-заб.ред.) се интензивирани теренските активности во досега непокриените делови од градот, при што неделно се откриваат по 70 нови случаи на деца на улица, вели тој.
Целта на овие активности, според Јакимовски, е утврдување на реалните состојби и потреби и изготвување на Програма за соодветна социјална заштита на овие деца.
Законската регулатива е појдовна основа за надминување на овој проблем, смета професор Дивна Лакинска која го изготви Извештајот. Меѓу можните решенија на проблемот со децата на улица таа препорачува постапката за откривање, следење и третман на овие деца да биде регулирана во Законот за малолетничка правда, кој треба да се донесе. Препорака на Лакинска е и зајакнување на улогата на НВО-секторот и на локалните власти во обезбедување на помош и поддршка со цел отргнување од улицата и поквалитетен живот на овие деца, нивнио вклучување во образовниот процес и обезбедување на здарвстевна заштита.
Извештајот е изготвен врз основа на истражување спроведено во декември 2004-та година, врз примерок од 500-ни деца во 14 градови во Македонија, вклучувајќи 8 општини во Скопје.
Процеси и дејанија >> На почеток >>

ФАО: Во светот годишно од глад умираат 6 милиони деца
Кон претходниот извештај за македонските деца на улица ги приложуваме и резултатите од извештајот за гладта на децата во светот. Поразителни и срамни. Пред се за најразвиените земји.
6 милиони деца умираат секоја година од лесно излечливи болести, како пневмонија, дијареја или од мали сипаници, бидејќи имунолошкиот систем им е ослабен поради глад и неисхранетост, се вели во годишниот извештај на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Во документот, кој на конференција го претстави генералниот директор на ФАО Жак Диуф, се посочува дека речиси 11 милиони деца во светот годишно умираат пред да наполнат 5 години. Повеќето од смртните случаи се во земјите во развој и во регионите каде што царува гладта.
Вкупно 852 милиона лица на светот страдаат од глад и од неисхранетост, 75% од нив односно 815 милиони живеат во земјите во развој, 28 милиони-во државите со транзициска економија и 9 милиони-во развиените земји.
Диуф укажа дека само во Јужна Америка и во регионот на Карибите ќе може да биде постигната една од милениумските цели за развој-до 2015-та година да биде преполовен бројот на гладните.
Процеси и дејанија >> На почеток >>

УНАИДС: Во 2005-та година регистрирани 40,3 милиони болни од СИДА
1-ви декември е Светски ден на борба против СИДА. Иако ова издание на "Хрономер" се однесува на периодот од 16/11 до 30/11, сепак го презентитраме извештајот на УНАИДС, не како најава, туку како загрижувачка состојба која не не заобиуколува ниту нас.
Во 2005 година во светот се регистрирани вкупно 40,3 милиони болни од СИДА, од кои околу 4,2 милиони новоинфицирани, додека од болеста починале 3,1 милион лица, што покажува дека таа и понатаму е голем светски проблем, се наведува во извештајот на Организацијата на ОН за борба против СИДА-та (УНАИДС) објавен по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА-1-ви декември.
Оваа година 1-ви декември ќе се одбележи под мотото "Сопрете ја СИДА-та, одржете ги ветувањата". Според податоците на Светската здравствена организација, во светот секој ден со ХИВ се инфицираат по 13.000 лица. Според податоците на УНАИДС за 2005-та година, од вкупниот број на болни во светот, 38 милиони се на возраст од 15 до 49 години, а од нив 17,5 милиони се жени. Дури 2,3 милиони заболени се деца помлади од 15 години.
Од 4,2 милиони лица заболени од СИДА во текот на годинава, 700.000 се деца. Бројот на починатите е 2,6 милиони возрасни и 570.000 деца.
Истовремено, во годишниот извештај на Европската опсерваторија за контрола на наркотици (ОЕДТИ) е наведено дека главниот начин за пренесување на СИДА во Европа повеќе не е интравенозно консумирање на дрога, туку хетеросексуалните односи.
Во извештајот се посочува дека употребата на дрогата метамфетамин во Европа е ограничена, но затоа таа се повеќе се шири низ светот, пред се во Азија и САД, а се поврзува со здравствените и социјалните проблеми.
На Индонезија, четврта земја на планетата според бројот на жители - 212 милиони, и се заканува опасност од епидемија на СИДА, така што мора брзо да реагира за да го спречи тоа, предупреди директорот на УНАИДС Питер Пијо.
Тој информира дека во таа земја, | | | |